сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал ќе му даде уште една шанса на Јовиќ

Реал ќе му даде уште една шанса на Јовиќ

Состојбата со иднината на напаѓачот на Реал, Лука Јовиќ станува јасна. Според „Ас“, договорот дека напаѓачот на Борусија, Ерлинг Холанд, ќе остане во Германија до 2022 година помеѓу агентот на играчот Мино Рајола и претставниците на бундеслигашот, му дава предност на Јовиќ. Благодарение на ова, Србинот ќе има време да се докаже во Реал.

Јовиќ, кој сега се опоравува од сериозна повреда, сака да добие уште една шанса во Реал Мадрид, а клубот ќе му ја даде оваа можност. Се претпоставува дека Јовиќ ќе може да се врати во игра кон средината на јули.

Оваа сезона, 22-годишниот напаѓач настапи на 15 натпревари во Ла Лига, постигна два гола и една асистенција. Во просек, тој мина 26 минути на теренот.