Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе брка нов напаѓач ако во случај не успее во намерата да го ангажира моментно еден од најбараните фудбалери во светот, Ерлинг Халанд.
Станува збор за Раул де Томас од Еспањол, открива „Ас“. 27-годишниот Шпанец во младинската кариера беше дел од Реал Мадрид, настапувајќи за Б и Ц тимот, но не запиша ниту еден официјален настап за најдобриот тим во периодот од 2014 до 2019 година.
Во Еспањол, пак, Де Томас (чија вредност се проценува од 30-40 милиони евра) е повеќе од убедлив и дури стана и репрезентативец.