Бројот на продадени влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, по завршување на втората фаза од продажбата, изнесува 1.2 милиони билети, соопшти денеска генералниот секретар на Организацискиот одбор Хасан Ал-Тавади.
-Мислам дека побарувачката е рекордно висока. Луѓето купуваат (влезници) и се радуваат на доаѓањето, рече Ал – Тавади во говорот на катарскиот економски форум во Доха.
Здружението на навивачи претходно изразија загриженост поради високите цени на авионските билети и хотелското сместување, како и поради почитувањето на човековите права во Катар.
-Се обидуваме да создадеме опкружување во кое економијата има корист, но тоа да биде исплатливо и достапно за навивачите, што не е секогаш лесно да се избалансира, посочи Ал-Тавади. (МИА)