недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Ренцо Барбера“ распродаден – Македонија ја чекаат 36.000 навивачи во Палермо

„Ренцо Барбера“ распродаден – Македонија ја чекаат 36.000 навивачи во Палермо

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) објави дека за неколку часа повеќе од 5.000 билети што беа пуштени во продажба се продадени и со тоа исполнет е целиот капацитет на стадионот, а првпат од избувнувањето на пандемијата со ковид-19 ќе се игра меч пред полни трибини на Апенините.

Италија ќе има огромна поддршка од сицилијанците, нешто за кое и селекторот Роберто Манчини денеска на првиот собир го истакна дека „добредојдена е темпераментната публика ја југот од Италија“ како поддршка за тимот, кој ја израдува нацијата, иако пред Еуро 2020 ланското лето – никој не веруваше во успех на „аѕурите“.

Италија од 1 април комплетно ги отвора капиите на стадионите за полн капацитет, откако од март 2020 година, или полни две години, ниту еден меч не се одигра со повеќе од максимално дозволените 75 отсто од капацитетот, а дуелот на Италија и Македонија е исклучок, како национален интерес зашто се дозволува полн стадион предвреме.

Македонија се очекува да има околу 1.300 навивачи во гостинскиот сектор на стадионот,