Шкотскиот фудбалски вицешампион Глазгов Ренџерс му врати денеска отказ на тренерот Џовани ван Бронхорст по серијата слаби резултати пред првенствената пауза поради одржувањето на Светското првенство во Катар.
Ван Бронхорст седна на клупата на Ренџерс пред една година на место на Стивен Џерард и покрај второто место во првенството минатата сезона го предводеше клубот до титулата во Шкотскиот куп и финалето во Лига Европа.
Сезонава Ренџерс успеа да се квалификува во групната фаза од Лигата на шампиони, за прв пат по пауза од 12 години, но настапот го заврши со шест убедливи порази и гол-разлика од 2-22.
Во домашното првенство Ренџерс е второпласиран на табелата со девет бодови заостанување зад лидерот Селтик.