вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реванш натпреварот меѓу Арсенал и Бенфика ќе се игра во Атина

Реванш натпреварот меѓу Арсенал и Бенфика ќе се игра во Атина

Лондонски Арсенал во Атина ќе ја пречека екипата на Бенфика во реваншот од шеснаесетфиналето во Лига Европа, кака послдица на патните рестрикции за влез од Португалија што се на сила во Велика Британија поради пандемијата на Ковид-19, одлучи денеска УЕФА.

Натпреварот ќе се игра на стадионот на Олимпијакос, на 25 февруари со почеток во 18:55 часот.

-Можеме да потврдиме дека вториот натпревар од шеснаесетфиналето во Лига Европа меѓу Арсенал и Бенфика ќе се игра на стадионот Гиоргиос Караискакис во Пиреја, во Грција, соопшти Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Претходно поради рестрикциите поврзани со пандемијата на коронавирус, УЕФА го премести и првиот натпревар меѓу Бенфика и Арсенал од Лисабон во Рим.