петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ригорозен налог во Серија А: Сите клубови, сите играчи – тоа мора да го прифатат!

Ригорозен налог во Серија А: Сите клубови, сите играчи – тоа мора да го прифатат!

Серија А налага нов безбедносен протокол пред почетокот на првенството сезона и тоа без објаснувања ќе мора да го прифатат сите во Италија.

Поради опасност од ширење на вирусот за неколку недели, токму пред почетокот на првенството, Серија А даде приоритет до сите екипи, дека играчите мора да се вакцинираат.

Таа е обврска низ која ќе мора да минат сите фудбалери од екипите во Серија А, во спротивно нема да можат да настапуваат за своите екипи.

Добро се сеќаваме претходно како Специа од една наивна ситуација, се заразија повеќе играчи во тимот и настана општи хаос, по кој сите мораа да одат во изолација.

Па за да не се повтори случајот со Специа, Серија А наложи до сите клубови – вакцина за секој член од тимовите.