четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рим на нозе: Дибала доаѓа во Рома?

Рим на нозе: Дибала доаѓа во Рома?

Италијанската престолнина Рим е на нозе, зашто ептен близу е Рома да добие страшно засилување во аргентинската ѕвезда Пауло Дибала, кој од летово е слободен фудбалер после заминувањето од Јувентус.

Како што објави „Скај Спорт“, Рома на Дибала му понудила тригодишен договор и шест милиони евра сосе бонуси кои се лесно остварливи по сезона, а Жозе Мурињо и легендарниот Франческо Тоти со последните разговор сериозно влијаеле „гаучосот“ да прифати да ја засили „волчицата“.

Контроверзниот тренер веќе имал нов разговор со Дибала за да го убеди да дојде, а Рома синоќа на менаџерите им го презентирала комплетниот проект и сега се чека на конечен одговор на „Ла Хоја“, а во клубот сите се убедени дека ќе има позитивен исход и „волчицата“ ќе добие извонредно засилување.

Според аргентинскиот новинар Цесар Луис Мерло, Аргентинецот начелно постигнал усмен договор, за кого италијанските медиуми пред два месеци објавуваа дека атмосферата на „Олимпико“ го воодушевувала и дека сериозно размислувал дали во Рома да ја продолжи кариерата.