недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Рис Џејмс тешко повреден, СП под знак прашалник

Рис Џејмс тешко повреден, СП под знак прашалник

Десниот бек на Челзи, Рис Џејмс ќе паузира долго време поради повреда на коленото на натпреварот против Милан од Лигата на шампионите.

На почетокот не изгледаше дека се работи за сериозна повреда. Сепак, последователните прегледи донесоа многу лоши вести за Стемфорд Бриџ. Но и за селекторот на Англија Герет Саутгејт.

Оштетени се лигаментите на коленото и се очекува одличниот дефанзивец да отсуствува неколку недели. Големото прашање е дали ќе биде подготвен за Светското првенство, а тоа претставува непредвидена компликација за Саутгејт.

Од човекот кој имаше најширок избор на елитни десни бекови во светот, тој е само еден кој моментално е здрав. Покрај Џејмс, повредени се и Трент Александар-Арнолд и Кајл Вокер.

.