Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон е разочаран по елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите откако синоќа одигра без голови на реваншот против Милан.
Поранешниот фудбалер на Евертон игра очајна сезона, уште не постигнал ниеден гол во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите два пати се запиша во листата на стрелците. Сето тоа, заедно со елиминацијата од Милан делуваа крајно разочарувачки за Бразилецот кој имаше други планови со Тотенхем.
„Сезонава е ср*ње. Имавм улога во две добри победи, против Вест Хем и Челси, а Конте повторно ме враќа на клипа. Ме пробуваше за почетната постава против Милан и одеднаш повторно се најдов на клупа. Не можам тоа да го разберам“, изјави Ришарлисон.
Тотенхем навистина игра очајно оваа сезона и јасно е дека повторно ќе остане без трофеј. Тоа ќе значи и Антонио Конте ќе си замине на крајот на сезоната со што ќе продолжи агонијата на лондонскиот клуб.