Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Ристевски повеќе не е дел од АЕЛ Лимасол откако клубот денеска ја прекина соработката со него една година пред истекот на договорот.
Битолчанецот лани потпиша за кипарскиот тим, а претходно три години беше дел од Ујпешт од Унгарија, каде играше и за Вашаш. Во својата кариера 31-годишниот дефанзивец играше и за Тирана, Работнички, Славија Софија, Елбасан и Пелистер.