петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ристовски: Горд сум што играм за Динамо Загреб, за пет минути се договоривме

Ристовски: Горд сум што играм за Динамо Загреб, за пет минути се договоривме

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски денеска и официјално стави потпис на договор до јуни 2025 година со опција за продолжување на уште една сезона.

Уште синоќа беше најавено дека Ристовски потпишува продолжување на соработката, а Динамо Загреб тоа официјално го потврди денеска.

„Многу сум среќен и горд за продолжувањето на договорот, зашто Динамо е клуб кој ме исполнува и за кој сум подготвен да се борам од меч во меч и да го оставам срцето на терен. Јас сакам да му заблагодарам на клубот зашто практично во пет минути договоривме сѐ – новиот договор и условите кои за мене беа задоволувачки“, рече Ристовски.

Македонецот во зимата 2021 година од Спортинг Лисабон пристигна во Динамо Загреб и веќе прерасна во еден од лидерите на тимот.