среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ристовски и Адеми со Динамо Загреб ќе играат во нокаут фазата на ЛЕ

Ристовски и Адеми со Динамо Загреб ќе играат во нокаут фазата на ЛЕ

Динамо Загреб славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Вест Хем и обезбеди пласман во шеснаестинафиналето во Лигата на Европа.

“Модрите“ приредија изненадување на „Олимпискиот стадион“ во Лондон против премиерлигашот, кој веќе го имаше обезбедено првото место на табелата и место во осминафиналето, па денеска менаџерот Дејвид Мојс реши да им даде шанса на многу млади играчи.

Победничкиот гол за Динамо Загреб беше дело на Мислав Оришиќ, кој постигна феноменален гол во четвртата минута од натпреварот. Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, додека Аријан Адеми беше стартер, но излезе од игра во 71.минута.