Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски по мечот потенцираше дека мора да ги неутрализираме одредените слабости и да бидеме во подобри во наредните натпревари:
„Ќе бидам искрен, мора реално да ги согледаме нештата и да признаеме дека се појавуваат одредени слабости и замор во играта затоа што, за разлика од порано, се гледа дека некои од играчите немаат стандардна минутажа во клубовите. И тоа има влијание токму на концентрација во клучни моменти“ истакна Ристовски и дополни:
„Не сакам да барам алиби, но мора да се каже дека овој терен е навистина тежок за игра. За жал, кај нас по некои нешта ние место напред одиме назад, и добиваме очајни услови за игра тука. Тешко е тука да се бара игра и да се бара било каква креација на тактика и напредок во игра. На крај може да кажам дека само е добро што никој од нас не е повреден. Секако имаме одредени недостатоци во играта кои ќе мора да ги корегираме во иднина, но пак ќе кажам дека овие пријателски се да се одиграат паметно и да не се дозволи некој да се повреди на вакви услови“.