недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ристовски: Ние сме екипа која игра големи натпревари и сака да прави чуда

Ристовски: Ние сме екипа која игра големи натпревари и сака да прави чуда

Македонската фудбалска репрезентација и гостува на Англија во рамките на 4. коло во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

По големото разочарување од дуелот со Украина сега ни следи уште поголем предизвик, тест на еден култен стадион каков што е „Олд Трафорд“ и тоа против една од најдобрите светски селекции.

-Ретко е за Македонија да игра вакви натпревари, на вакви стадиони. Самата лига што ја поседува Англија е врвот на фудбалот. Убаво е да влезеш на „Олд Трафорд“, не ти треба некоја посебна мотивација, туку да излезеш и да покажеш она кое го поседуваш. Ние сме очигледно таква екипа, која игра големи натпревари и сака да прави чуда. Се надевам дека цела нервоза која ја чуваме од мечот со Украина, ќе го префрлиме на теренот.Сите играчи имаат големи натпреварувања и лиги. Играме против најголемиот фаворит во групата, селекција од светско ниво. Не ни треба посебен мотив. Ќе имаме исполнет стадион, тоа е доживување, генерално, за македонскиот фудбал и за сите наши гледачи да успееме спортски нешто да направим, -порача капитенот Стефан Ристовски.

Средбата се игра во вечерниот термин од 20:45 часот.