Ристовски игра во фантастична форма, денеска постигна гол, а претходниот меч го одбележа со две асистенции.
Динамо Загреб славеше со 0-2 на гостувањето кај Осијек во заостанатиот меч од четвртото коло од најсилниот хрватски фудбалски шампионат, а во таборот на победничкиот табор Аријан Адеми играше се’ до 66 минута, а Стефан Ристовски го одигра целиот меч.
Освен што ги одигра сите 90 минути, Ристовски воедно ја потврди и победата за гостите откако погоди во самата завршница од пресметката во моментите кога домаќинот беше целосно на противничката половина со својот голман при еден прекин, а тоа го искористи Македонецот кому не му беше тешко да ја затресе празната мрежа од голот на противникот.
На табелата, Динамо Загреб со 37 бода заостанува два бода зад лидерот Осијек кој има и меч повеќе.