понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ривалдо: Елиминацијата на Барса е добра работа за фудбалот

Ривалдо: Елиминацијата на Барса е добра работа за фудбалот

Легендата на Барселона, Ривалдо изјави дека испаѓањето на неговиот поранешен клуб од Лигата на шампионите е добра работа за фудбалот.

Каталонската екипа против Рома по првиот натпревар во четвртфиналето на најелитното натпреварување имаше предност од 4:1, но волчицата направи чудо и се избори за полуфинале.

Судбината на Барселона за малку ќе ја искусеше и Реал Мадрид кој дури во судиското продолжение се извлече по пеналот на Кристијано Роналдо.

Бразилецот во 2002. година од Барселона премина во Милан и во таа сезона ја освои ЛШ со росониерите.

-Интересно е тоа што се случуваше во Рим. Како играч и навивач на Барселона сум тажен, но победата на Рома покажува оти Реал и Барселона не се единствените две екипи во светот. Реал Мадрид исто така беше блиску до елиминација и сигурен сум дека ова ќе донесе одредени промени, како и оти никој нема да тврди како Реал Мадрид уште пред полуфиналните натпревари ја освоил Лигата на шампионите, рече Ривалдо.

Во полуфиналето на ЛШ, Реал ќе игра против Баерн Минхен, додека другиот пар се Ливерпул и Рома.