Аргентинското „Супер-класико“ ѝ припадна на екипата на Ривер Плата, која се радуваше на гостувањето кај Бока Јуниорс со 0-2 (0-1).
Првото полувреме беше симултанка на Ривер кој лесно излезе на крај со комбинираниот состав на ривалот. Во финишот на полувремето Саломон донесе предност од (0-1), за потоа гостинот да се брани.
Доминацијата на Бока беше јалова, па за тоа стигна казната. Премногу отворениот домаќин прими уште еден гол, бидејќи Диаз стави точка на победата во 96. минута (0-2).