петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

РМЦ Спорт: Големата размена на Атлетико и Барселона пропаѓа поради инаетот на Гризман?

РМЦ Спорт: Големата размена на Атлетико и Барселона пропаѓа поради инаетот на Гризман?

Потенцијалната размена на ѕвезди меѓу Барселона и Атлетико Мадирд е една од најголемите трансфер гласини минативе денови. Клубовите веќе тргнаа во преговори за размена на Антоан Гризман и Саул Нигуез, но се чини дека ќе пропадне поради детал кој Каталонците не го земале во предвид.

Барселона во преговорите тргна затоа што се обидува да скрати на плати, а францускиот напаѓач има најголеми примања во клубот во овој момент и ќе има додека Меси официјално не го потпише новиот договор. Неговата годишна плата е околу 16 милиони евра, но кога ќе се пресмета и данокот Барселона на него троши 24 милиони евра.

Саул е точно два пати поевтина опција и оваа замена би била идеална за Барселона затоа би се решиле од скапо платениот напаѓалм кој не ги исполни очекувањата, а би добила млад играч од средниот ред кој одлично би се вклопил кај Ронлад Куман.

Меѓутоа, Гризман се налутил затоа што Барселона не го известила за преговрите, туку за можниот трансфер дознал од медиумите. Иако шпанските медиуми цело пишуваа дек Гризман е подготвен да прифати намалување на платата за да се врати во клубот каде што стана ѕвезда, РМЦ Спорт јавува дека сега се заинатил и не сака да се откажа од платата, туку очекува Барселона да ја покрие разликата која Атлетико не може да ја плати.

Според пишувањата во Шпанија, Барселона го известила Гризман дека во тој случај може и да го задржи, што го комплицрира трансферот, што на прв поглед беше добар и за двата клуба и за двата играчи.