понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Робен има желба да настапи за Холандија на ЕП оваа лето

Робен има желба да настапи за Холандија на ЕП оваа лето

После денешната одлична игра кога имаше две асистенции во победата на Гронинген над Емен од 4-0, 37-годишниот Арјен Робен изјави дека има желба да настапи на Европското првенство доколку добие покана од селекторот на Холандија..

Робен во дресот на Холандија одигра 96 средби, а најголем успех му беше финалето на СП 2010, а за националниот тим последен пат играше во 2017 година.

„Би играл на ЕП, мислам дека ако бидам во добра форма, ќе можам да придонесам за тимот. Настапот на ЕП 2020 ќе биде исполнување на мојот најлуд сон, но треба да се биде претпазлив. Ако селекторот Де Бур ме викне, ќе му кажам да“ – изјави Робен.

Во првата фаза на ЕП токму Холандија еден од противниците на нашата репрезентација каде уште се наоѓаат Австрија и Украина.