Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини ќе го продолжи договорот со оваа селекција до 2024 година, пренесува „Ла Република“.
Неговиот договор истекува оваа година, но според извори на весникот, Манчини се согласил да потпише нов договор, според кој ќе добива 3 милиони евра годишно.
Роберто Манчини стана селектор на италијанската репрезентација во 2018 година. Под негово водство, Италија имаше 10 победи на 10 натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020.
Исто така, италијанскиот тим го освои првото место во својата група во Лигата на нации.