Брендан Роџерс наскоро може да биде отпуштен од тренерската функција во Лестер. Фудбалскиот стручњак од Северна Ирска е во опасност да добие отказ по најлошиот старт на сезоната на тимот од 1983 година, објави „Телеграф“.
„Лисиците“ ремизираа еднаш и загубија шест во седум натпревари во Премиер лигата, вклучувајќи го и вчерашниот пораз од Тотенхем со 6:2.
Британскиот весник тврди дека челниците на Лестер го сакаат Томас Франк од Брентфорд, но не е јасно дали 48-годишниот Данец може да се убеди да го смени клубот како што одминува сезоната, особено кога неговата екипа сега е на деветтото место.
Ќе биде контактиран и Шон Дајч, кој го напушти Барнли во април. (МИА)