четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ројс се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед

Ројс се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед

Англиските медиуми објавија дека наскоро може да се случи трансфер на 33-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Марко Ројс во редовите на Манчестер јунајтед.

На Ројс на крајот на оваа сезона му истекува договорот со германскиот клуб, а медиумите наведуваат дека неговиот менаџер веќе стапил во контакт со премиерлигашот од Манчестер.

Ројс во кариерата настапуваше само за три клубови досега. Професионалната кариера ја почна во Рот Вајс, потоа настапуваше за Борусија Менхенгладбах, а од 2012 година го носи дресот на бундеслигашот од Дортмунд.

Сезонава за Борусија постигна три голови, додавајќи и четири асистенции, а поради повреда не беше во составот на Германија на неодамнешното Светско првенство во Катар.