четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома го пензионираше Иниеста?

Рома го пензионираше Иниеста?

Андрес Иниеста најави заминување од Барселона по поразот од Рома синоќа во четвртфиналето од ЛШ. Ветеранот рече дека веројатно тоа беше негов последен натпревар на овој турнир.

– Ова е голем пораз што не беше очекуван со оглед на предноста која ја имавме по првиот меч. Ние не се прилагодивме добро на натпреварот сме разочарани од елиминацијата. Се надевавме дека ќе го освоиме трофејот. но амбициите ни се срушија. Дали ова е мојот последен натпревар за Барса во Лигата на шампионите? Постои таква можност, но сега не е време да се даваат. Нам ни останува да се обидеме да стигнеме до титулите во домашното првенство, рече Иниеста.

МИА