недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роман Абрамович се враќа во фудбалот?

Роман Абрамович се враќа во фудбалот?

Рускиот милијардер, Роман Абрамович кој 19 години беше газда на Челзи, сега е без клуб откако мораше да ги продаде „сините“ поради војната во Украина, но изгледа дека не може без фудбал.

Сега бразилските медиуми пренесуваат дека Абрамович може да купи клуб од Бразил, а имал две опции, Атлетико Минеиро и Сао Паоло.

Новата идеја на Абрамович е да создаде екипа со која ќе доминира во Јужна Америка.