понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ромеро сака да си замине од Јунајтед

Ромеро сака да си замине од Јунајтед

Голманот Серхио Ромеро побара дозвола да го напушти Манчестер Јунајтед поради слаба минутажа.

Аргентинскиот чувар на мрежата на „Олд Трафорд“ е од 2015 година, но не се избори за стандардно место во првиот тим и затоа одлучи да ја смени средината.

30-годишниот Ромеро и во вакви околности успеа да го задржи статусот на прв голман во аргентинската репрезентација, ама се плаши да не го загуби до почетокот на Мундијалот, доколку не брани стандардно во клубот.

За него веќе има заинтересирани екипи од Премиер лигата, од шпанската Ла Лига, како и од родната Аргентина.

Покрај за Манчестер Јунајтед, Ромеро има настапувано и за Сампдорија, Монако, АЗ Алкмар и Расинг Клуб.