Во последните денови се погласни се шпекулациите дека Каталонците ќе му врачат отказ на Холанѓанецот.
Претседателот Лапорта денес пред големото дерби со Атлетико Мадрид изјави дека Куман ќе остане на кормилото на Барселона.
„Куман останува тренер на Барселона. Ја има нашата доверба затоа што пред се е легенда на клубот. Ценам што се согласи да биде на кормилото во овие тешки времиња“, изјави Лапорта.
„Денеска имав разговор со него, му ги пренесов моите размислувања за актуелната ситуација. Тој исто така доживеа тешки моменти, но и натаму е мотивиран да ја извршува функцијата“, додаде претседателот на Каталонците.