Фудбалскиот тим на Барселона се во проблеми откако тренерот Роналд Куман доби од дисцпилинската комисија на Фудбалската федерација на Шпанија казна од два меча суспензија за црвениот картон на мечот со Гранада.
Тренерот на Барселона беше искучен од натпреварот, а како причина беше наведено навредувањето четвртиот судија.
По натпреварот Холанѓанецот изјави дека воопшто не знае што добил црвен картон, но Дисципилнската комисија не застана на страна на стратегот.
Тоа значи дека тернерот на Барселона нема да го води својот тим на дуелите против Валенсија и Атлетико Мадрид.