петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдињо игра фудбал во затвор

Роналдињо игра фудбал во затвор

Фудбалската легенда Роналдињо се вклучи во затворски турнир во Парагвај. Поранешната sвезда на Пари Сен Жермен, Барселона и Милан првично се двоумеше да учествува во турнирот. Тој немал соодветни копачки, но затворскиот персонал му обезбедил.

Поранешниот претседател на Спортиво Лукењо, Фернандо Гонзалез Карљло и синот на поранешниот потпретседател на Парагвајската фудбалска федерација, Рамон Гонзалез Дахер играа во тимот на Светскиот шампион за 2002 година. Ѕвездената селекција забележа успех во нивниот прв натпревар со 11-2, при што Рони блесна со 5 гола и 6 асистенции.

Според медиумите, тимот кој го освоил турнирот ќе добие свиња од 16 килограми како награда.

Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис беа уапсени во Асунсион минатата недела, откако се обидоа да влезат во земјата со лажни парагвајски пасоши. Локалниот суд го одби нивното барање за куќен притвор. Тие ќе останат во затвор наредните шест месеци или додека не заврши истрагата.