Еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси потпиша двегодишен договор со францускиот гигант, кој ова лето создаде вистински дрим-тим на Паркот на Принц.
Откако Меси потпиша за ПСЖ, се јави неговиот голем пријател, бразилската легенда Роналдо де Азис Мореира познат како Роналдињо.
-Беше големо задоволство да се носи дресот на овие два клуба (Барселона и ПСЖ), а сега го гледам мојот пријател во дресот на ПСЖ. Лео, ти посакувам многу среќни моменти.Исто така среќен сум и што мојот пријател Серхио Рамос е во тимот. Ми мириса на трофејот во Лигата на шампионите, рече Роналдињо.
За бразилската легенда, ПСЖ беше првиот европски клуб. Играше на Паркот на принцовите од 2001 до 2003 година кога замина во Барселона.