четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо ги предупреди ривалите: Не се вратив во Јунајтед за одмор…

Роналдо ги предупреди ривалите: Не се вратив во Јунајтед за одмор…

Кристијано Роналдо го потпиша двегодишниот договор со Манчестер Јунајтед, клуб во кој се враќа по пауза од 12 години.

Португалецот доаѓа со голема амбиција. Тоа го потврди со првите зборови како најава за неговото второ деби во дресот на „црвените ѓаволи“.

„Подготвен сум. Не дојдов тука за одмор. Ова е добра шанса за мене, клубот и навивачите да одиме чекор напред. Мислам дека ќе играм на високо ниво во наредните три до четири години“, гласи пораката на Роналдо.

36-годишникот веќе одржа неколку тренинзи со новите соиграчи и тренерот Оле Гунар Солскјер. Засега нема потврда дали ќе добие шанса на дуелот со Њукасл Јунајтед овој викенд.