среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо го откачи ирскиот новинар додека овој поставуваше прашање (Видео)

Роналдо го откачи ирскиот новинар додека овој поставуваше прашање (Видео)

Ирската фудбалска репрезентација вчера испушти бодови против Португалија, откако по одличниот натпревар, дозволи целосен пресврт во завршните минути од дуелот.

Во ѕвезда на вечерта се претвори Кристијано Роналдо кој постигна два гола за неколку минути, притоа поставувајќи многу важен рекорд.

Португалецот стигна до 111 голови во националниот тим, со што стана најдобар стрелец за некоја репрезентација, оставајќи го Али Даеи на второто место.

Но, Ирците му се налутија на Роналдо не само поради головите, туку и поради неговото однесување по средбата, кога реализираше интервју за ирската национална телевизија. Расположениот голгетер одговори на едно прашање на новинарот, но покажа дека не планира да одговара на уште едно откако си замина додека новинарот му се обраќаше…