понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Јас и Меси ја променивме историјата на фудбалот

Роналдо: Јас и Меси ја променивме историјата на фудбалот

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, изјави дека дојде крај на ривалството меѓу него и Лионел Меси.

Роналдо во јануари годинава го напушти европскиот фудбал и се пресели во Саудиска Арабија, додека Меси летово замина во САД каде потпиша за Интер Мајами.

„Ако го сакаш Кристијано, не треба да го мразиш Меси. Ние двајца ја променивме историјата на фудбалот и меѓу нас има голем респет. Ривалство? Јас не гледам така на тие работи. Ние двајца 15 години ја делевме најголемата сцена. Не целам дека сме пријатели, но имаме респет еден кон друг“, изјави Роналдо.