Согласноста на Лионел Меси за 50 проценти намалување на годишната плата во Барселона го смени рангирањето на најплатените фудбалери во светот.
Аргентинецот наскоро ќе потпише нов договор со Барса и ќе заработува 20 милиони евра годишно. Со оваа сума, Меси ќе се позиционира на третото место на играчите според заработката што ја заработуваат исклучиво во нивните клубови (освен различните спонзорски договори).
Број еден е Кристијано Роналдо, кој добива 31 милион евра годишно од Јувентус.
Според „Газета дело Спорт“, на второто место е Нејмар, кој во својот нов договор со ПСЖ, потпишан во мај годинава, исто така се согласи на одредено намалување и сега заработува 30 милиони евра годишно.
На четвртото место е соиграчот на Нејмар од ПСЖ, Килијан Мбапе, но тој влезе во последната година од договорот и може да замине како слободен агент од Париз следното лето.
Доколку се случи такво сценарио и Мбапе замине во Реал Мадрид, кој нема да мора да плаќа никаква отштета за него, тогаш е многу лесно можно францускиот напаѓач да стане најплатен.