Кристиано Роналдо после настапот за Португалија порано беше ослободен од селекцијата и денес пристигна во Манчестер и ќе ја започне втората епизда во дресот на „црвените ѓаволи“.
Бруно Фернандеш самиот откри дека учествувал во убедувањето на Роналдо да се врати на „Олд Трафорд“, а во медиумите сега се појавуви дел од нивниот разговор.
„Сан“ објави дека Роналдо побарал од Бруно да ги пренесе неговите очекувања во соблекувалната, односно дека доаѓа за да ја освојат титулата во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед игра променливо на стартот од сезоната, а навивачите се надеваат дека со враќањето на Роналдо ќе останат конкурентни и во борба за титулата до крајот на сезоната.