четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Рекордот ме прави среќен, ама нема да ме запре!

Роналдо: Рекордот ме прави среќен, ама нема да ме запре!

Кристијано Роналдо синоќа одигра уште еден епски меч во својата извонредна кариера, откако со два гола на самиот крај ѝ донесе победа на Португалија против Република Ирска (2-1) во меч од квалификациите за СП 2022.

Повратникот во таборот на Манчестер Јунајтед двапати со глава ја затресе противничката мрежа, со што се искачи на врвот од листата најдобри репрезентативни стрелци во историјата.

„Секогаш ми било чест да го носам дресот на репрезентацијата. Рекордот не прави среќен, но не сакам да застанам тука. Има уште рекорди кои сакам да ги достигнам. Би сакал да им се заблагодарам на моите соиграчи за сите убави моменти. Да продолжиме понатаму, не застанувам тука. Мислам дека би можел да играм уште четири-пет години“, изјави Португалецот.

Головите на Роналдо ја искачија Португалија на врвот на табелата во групата каде што се бори за пласман на следниот Мундијал.