четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо се налути и одби да се поздрави со Керик (ВИДЕО)

Роналдо се налути и одби да се поздрави со Керик (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед ја прекина серијата од порази со ремито против Челси (1-1) во дербито на 13. коло во Премиерлигата.

Мајкл Керик го предводеше тимот во дербито, откако Оле Гунар Солшер доби отказ, па тој реши да го остави Кристијано Роналдо на клупата.

Португалецот доби шанса во последните 30 минути од мечот, но не беше задоволен со одлуката на Керик, иако тој тврдеше дека така се договориле пред натпреварот.

Тоа најдобро го покажува потегот на Роналдо на крајот на натпреварот затоа што не сакаше да се поздрави со фудбалерите на Челси, а потоа ниту со Керик, туку директно замина во соблекувалната.