Кристијано Роналдо до крајот на трансферот рокот би можел да стане нов член на Манчестер Сити.
Португалската sвезда сака да го напушти Јувентус со сите сили, а неговиот агент Жорге Мендеш пристигна во Торино за да ја заврши работата во наредните денови.
Преселбата на Роналдо во Сити би ги разлутила навивачите на Манчестер Јунајтед, во чии редови Кристијано играше од 2003 до 2009 година.
Големиот навивач на „црвените ѓаволи“, водителот Енди Голдштајн, тврди дека Роналдо би бил мртов за него доколку замине во Сити.
“Тоа ќе ми го скрши срцето. Знам дека звучи екстремно, но ако Роналдо оди во Сити, тој за мене би бил мртов”, рече Голдстајн, додавајќи:
“Тој ќе биде избришан од Јунајтед. Го слушнав како зборува за неговата љубов кон Јунајтед и за тоа како би сакал да се врати еден ден. Не треба да оди во Сити. Има работи што не се прават кога си sвезди. Тој дури и не треба да зборува за овој потег. Ерик Кантона не би отишол во Сити за милион години“, рече Голдштајн.