среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Рубен Невеш сѐ договори со Барселона

Рубен Невеш сѐ договори со Барселона

Португалскиот репрезентативец Рубен Невеш се договори со Барселона за трансфер оваа лето, но доаѓањето од Вулверхемптон во Каталонија ќе остане засега на „стенд бај“ додека петкратниот европски првак не го ослободи буџетот и не прикаже приходи од трансфери до 150 милиони евра.

Трансферот на Невеш, според каталонски „РАЦ 1“ и новинарот Феран Кореас е завршен после неколкумесечни преговори со менаџерот на Португалецот Жорге Мендеш и тој сега за да се официјализира ќе зависи од продажбата на младиот суперталент Ансу Фати, чија кариера е во стагнација, а исто така менаџер му е Мендеш.