петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Румениге објасни зошто Баерн не испратил понуда до Меси: Тој ќе ни донесеше само проблеми!

Румениге објасни зошто Баерн не испратил понуда до Меси: Тој ќе ни донесеше само проблеми!

Карл Хајнц Румениге му ја препушти функцијата извршен директор во Баерн Минхен на Оливер Кан на 1-ви јули ова лето, но како легенда и човек кој се уште ќе биде дел од клубот како советник, реши да ја искоментира бомбастичната вест која е топ тема во светската спортска јавност веќе втор ден.

Лионел Меси вчера стави потпис на двегодишен договор со ПСЖ и денеска беше официјално промовиран на „Паркот на принцовите“, операција која Баерн Минхен не ја земал во предвид во ниту еден момент, а Румениге како успешен фудбалски работник посочи дека зад тоа се кријат најмалку две причини.

– Кога дознав за Меси, искрено малку се натажив. Меси и Барселона, тоа беше успешен брак кој траеше 21 година, но сега дојде до развод на чуден начин. Тој дури беше подготвен да се откаже од многу пари, но ниту тоа не беше доволно за да остане. Разочарувањето е огромно.

– Ние не се обидовме да го ангажираме Меси, тоа немаше да функционира поради неколку причини. Најпрво економски, таков потег ќе донесе проблеми во соблекувалната на Баерн. Сите играчи сега знаат колку пари добиваат нивните соиграчи, а ако го доведете Меси, тоа ќе значи дека сите ќе бараат покачување.

– Втората причина. Не можам да замислам како Германија ќе биде атрактивна земја за Меси со оглед на тоа што е научен. Културата е сосема поразлична и тоа нема да функционира, – потенцира Румениге во интервјуто за „Билд“.