недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Руни дебитираше во МЛС

Руни дебитираше во МЛС

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Евертон, напаѓачот Вејн Руни, го одигра својот прв натпревар во американската МЛС лига.

На дебито, неговиот тим ДС Јунајтед го победи Ванкувер со 3:1, а руни влезе од клупата за резервни фудбалери во 58.минута.

Средбата се одигра ноќеска во Вашингтон пред околу 20 илјади гледачи.

32-годишниот Англичанец минатата сезона на 40 натпревари за Евертон постигна 11 гола со три асистенции.