Вејн Руни го загуби натпреварот на гостувањето во Ванкувер со својот ДЦ Јунајтед, а според реакциите, англиската фудбалска легенда едвај чека да се врати во својата земја.
Во 74-тата минута од натпреварот Руни беше заменет, а од непознати причини му се внесе во лице на судијата и почна да го пцуе.
Какво безобразни зборови му изнакажа, слушнете:
You think Wayne Rooney is sick of #MLS officiating? “Every f**king game. Every f**king game.” #DCU #MLS pic.twitter.com/BRnXOnLpFs
— Pablo Maurer (@MLSist) August 18, 2019
По натпреварот фудбалерот се пожали на Твитер дека цело време мора да патува низ САД на натпреварите и тоа со патнички авиони. Инаку, европските фудбалери се навикнати да патуваат со чартер или со приватни летови, додека поради правилата на американската лига, фудбалерите само четири пати во сезоната патуваат со чартер летови на натпреварите.
Легендарниот фудбалер во јануари се враќа во Англија, каде ќе потпише 18-месечен договор со второлигашот Дерби Каунти. Таму неделно ќе добива по 100.000 фунти.