Рускиот фудбалски сојуз ќе ја поддржи номинацијата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за нов мандат на чело на светската федерација.
Оваа одлука беше донесена на денешниот состанок на Извршниот комитет на руската централа.
Инфантино веќе објави дека ќе се кандидира за нов мандат на изборите на ФИФА, што ќе се одржат на 5 јуни следната година во Париз. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 5 февруари 2019 година.
Џани Инфантино ја предводи ФИФА од февруари 2016 година по корупцискиот скандал, поради кој Сеп Блатер ја напушти федерацијата.
МИА