Додека се подготвуваше да направи извештај по натпреварот помеѓу Јапонија и Сенегал, бразилската телевизиска новинарка Џулија Гимараес доживеа непријатна ситуација, за среќа не голема.
– Ова е веќе втор пат да ми се случи напад во Русија, а никогаш досега во Бразил. Првиот пат ми се случи пред натпреварот меѓу Египет и Уругвај, и мислам дека тие се Руси. Беше навистина лошо, се чувствував беспомошно и ранливо. Овој пат му одговорив, но тие не го разбираат англискиот јазик, – изјавила убавата Џулија.