четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Русите се враќаат во натпреварувањата на УЕФА

Русите се враќаат во натпреварувањата на УЕФА

На конгресот во Париз, УЕФА направи два чекора кон делумна интеграција на Русија во европските фудбалски натпреварувања и покрај војната во Украина која е во тек.

Европската фудбалска унија одлучи д а ги врати руските репрезентации до 17 години оваа сезона што претставува ублажување на општата забрана на руските национални тимови и клубовите да играат во меѓународните натпреварувања.

„Децата не би требало да бидат казнети за постапките чија одговорност е исклучиво кај возрасните и УЕФА е цврсто е уверена дека фудбалот никогаш не треба да се откаже од испраќање пораки за мир и надеж“, се вели во соопштението од УЕФА.

Во исто време, делегирани се и руски судии за меѓународните натпреварувања, но за враќање на клубовите, сепак, ќе треба да се почека.