вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Русите со топло добредојде: Германската репрезентација во шок, „па каде ли ние сме сместени“ (ВИДЕО)

Русите со топло добредојде: Германската репрезентација во шок, „па каде ли ние сме сместени“ (ВИДЕО)

Во Германија сите се зачудија кога видоа каде ќе престојува нивната репрезентација во текот на Светското првенство, пренесува СпортМ.

Германците, а посебно медиуми во Германија се во шок откако сфатиле дека нивниот национален тим е сместен во Ватутники, кое не го сметаат за атрактивно.

Ова место е во близина на Москва, но навистина не изгледа ни близу на германските стандарди.

Телевизијата „Sport1“ објави некои кадри од ова мало место кое е останато уште од комунизмот.

-Одлуката не беше ни малку лесна, затоа што ни беше убаво во Сочи, но овде во близина на Москва имаме одлични услови за тренинг и хотел на мирно место каде што ќе можеме да се регенерираме после натпреварот и тренингот, рече германскиот селектор Јоким Лев.