четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сајт за возрасни ќе вложи 200 милиони евра во премиерлигаш

Сајт за возрасни ќе вложи 200 милиони евра во премиерлигаш

Англиските медиуми пишуваат дека сајтот за возрасни „Стрипчет“ испратил понуда до Евертон на кој му нудат 10-годишен договор да станат спонзор на нивниот стадион, а за тоа се подготвени да платат околу 200 милиони евра.

Оваа необична вест се појави откако од маркетинг службата на сајтот објавија дека сакаат да станат партнер во Премиерлигата.

„По вестите дека Евертон бара нов спонзор за името на нивниот стадион, ‘Стрипчет’ нуди 10-годишен договор вреден 20 милиони евра годишно“, велат од компанијата.

Евертон гради нов стадион кој ќе чини околу 566 милиони евра вкупно и треба да биде нов дом на екипата од 2024/25.