четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сака ќе стане најплатен играч на Арсенал

Сака ќе стане најплатен играч на Арсенал

Медиумите од Англија пренесуваат дека англискиот репрезентативец Букајо Сака и клубот се на добар пат да си подадат рака за продолжување на соработката со која фудбалерот ќе стане најплатен играч во тимот од северен Лондон.

Информациите говорат дека треба да се средат некои детали, но главното е договорено и Сака според новиот договор ќе заработува околу 200.000 фунти неделно.

Со ова „топчиите“ продолжуваат да се движат во вистински правец затоа што и Габриел Мартинели кажа „ДА“, па сега фокусот ќе биде на Вилијам Салиба со кого ќе се бара заеднички јазик за да долгорочно остане на „Емирејтс“.