петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сака пред нов договор со Арсенал

Сака пред нов договор со Арсенал

Фудбалерот на Арсенал и стандарден член на англиската фудбалска репрезентација, Букајо Сака, би можело да потпише нов договор со Арсенал, со која неговата плата ќе се зголеми за четири пати и ќе стане најдоброплатен играч во тимот.

Договорот на Сака со Арсенал, тим во којшто е од својата седма година, истекува идното лето, но фудбалерот и управата се подготвени да го продолжат до 2028 година, пишува весникот „Мирор“.

Неделната плата на англискиот репрезентативец моментално е 70.000 фунти, а со новиот договор би требало да изнесува 300.000 фунти, па 21-годишниот фудбалер би станал најплатениот играч на клубот, надминувајќи го Габриел Жесус, кој заработува 250.000 фунти неделно.