сабота, 4. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Салах бара неверојатна плата за да го продолжи договорот со Ливерпул, сака да биде најплатен во Премиерлигата

Салах бара неверојатна плата за да го продолжи договорот со Ливерпул, сака да биде најплатен во Премиерлигата

Според англиските медиуми, Мохамед Салах побарал повеќе од двојно од она што го заработува сега за да стави потпис на нов договор со Ливерпул.

Актуелниот договор на Салах со Ливерпул истекува во јуни 2023 година. Клубот сака да ја продолжи соработата со него, но тоа тешко дека ќе се случи ако тој не ги намали неговите барања.

Според актуелниот договор кој го има, Салах заработува 200.000 фунти неделно.

„Мирор“ тврди дека тој побарал плата од 500.000 фунти неделно за да потпише нов договор.

Тоа е сума која Ливерпул сигурно нема да му ја даде, па ако Салах си остане на својот став се чини дека ќе следува разделба идното лето.